Џафери пресече: Референдумското барање на Левица не е во согласност со Собранискиот деловник

t

Барањето за одржување референдум поднесено од политичката партија Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Испитувајќи го вашето „Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум“, увидов дека барањето не е подготвено во согласност со одредбите на Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што, заклучоците не се општ правен акт, закон или устав, истите по негова природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Македонија во нејзиното постапување, наведе вечерва Џафери во соопштение како одговор на граѓанската иницијатива за одржување референдум од Левица.

Претседателот на Собранието воедно бара во предвидениот рок предлагачот да го усогалси барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

-Имајќи го во предвид горенаведеното, а согласно член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој гласи:  „Ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој Деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието, се смета дека предлогот на законот не е поднесен“, која одредба соодветно се применува и за сите други поднесоци.  Барам во предвидениот рок, Вашето барање да го усогласите со одредите на Деловникот на Собранието на Република Македонија, наведува Џафери.

Политичката партија Левица на 7 октомври до Собранието поднесе  иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Партијата собрала 750 потписи кои  со останатите материјали ги предаде во собраниската архива.Лидерот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција најави целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.

– Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече Апасиев.

Образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

– Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот” предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ, појасни Апасеив, при поднесувањето на иницијативата за референдум до ДИК.

Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…