Џафери со честитка за денешниот празник: Ви посакувам душевен мир, добро здравје и семејна среќа и топлина

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во негово лично име и во име на пратениците упати честитка до припадниците на православната вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

-Ми претставува чест од името на Собранието на Република Северна Македонија и од свое име да упатам искрени честитки по повод Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам над сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓусебна почит, разбирање и хармонија, се вели во честитката од Џафери.

Годинава што полека ја одминуваме, се додава, за жал не донесе многу позитивни вести и настани.

-Беше ставена и се уште е во искушение нашата солидарност кон немоќните, нашата човечност кон посиромашните и нашата почит кон различните. Во моменти кога беше загрозен и голиот човечки живот, ние ја одбравме и се уште цврсто стоиме на вистинската страна, затоа што сме свесни за неправдата и неисправноста на посегнувањето по туѓите територии и животи. Во следниве месеци не очекува тежок економски и енергетски предизвик, без да ги занемарам политичките предизвици кои константно се дел од нашиот политички живот и јас се надевам дека и ние како политички претставници и институции, ќе ги најдеме најсоодветните и најдобри решенија за сите Вас почитувани граѓани, се нагласува во честитката.

До Вас упатувам честитки и искрена желба, се посочува, да најдеме сите во себе внатрешна сила и истрајност, да се прилагодиме кон новите дискурси и да придонесеме во полесно надминување на идните предизвици.

-Верата не учи да негуваме позитивни вредности, а празниците ги нагласуваат нив уште повеќе, така што, духот и пораката на хуманоста и разбирањето на овој празник нека надвладее над сите Вас што го празнуваат оквој голем празник. Ви посакувам убав празничен ден!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се обидувајте да поминете во овој…

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел…

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците…

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…