Џафери ја откажа седницата на анкетната комисија за несреќата во Бугарија и пожарот во тетовската болница: Семејствата реагираат – Ни ја отежна болката, ќе има одговорност!

t

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ја откажа седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието, на чиј дневен ред беа точките за тетовската модуларна болница, автобуската несреќа во Бугарија. Според првиот човек на комисијата, Халил Снопче, откажувањето на седницата е прекршок за кој ќе следи одговорност.

„Сметам дека за првпат во нашата парламентарна историја се случува претседателот на Собранието да откаже седница на работното тело свикано од претседателот на телото. Како може да се откаже седница која не само што е законска, туку и фактички не е одржана? Каде ја наоѓате правната основа за ова? Вие г-не Џафери, дали мислите дека сте Уставен суд и оти имате право да поништувате акти и дејства…“, рече Снопче, според Алсат.

Спикерот Џафери вели дека седницата е откажана бидејќи претставката на граѓанинот Мухаедин Бела до Комисијата, во врска со трета точка од дневниот ред, се коси со Деловникот и Уставот.

„Во членот 185 од Деловникот на Собранието е пропишано дека Собранието, меѓу другото, може да разгледува и информации доставени од овластени предлагачи. Тоа значи дека истите треба да се достават до претседателот на Собранието, а претседателот да ги доставува до пратениците. Во тој случај може да се разгледаат на седница на надлежните работни тела“, се наведува во одговорот кон претседателот на Постојаната анкетна комисија.

На откажувањето на седницата преку соопштение реагираа семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија.

„Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика Претседателот на Комисијата, Халил Снопче, Претседателот на Собранието Талат Џафери ја откажа. Потсетуваме дека пратениците се наши претставници во Собранието и тие треба да бидат нашиот глас и нас да не бранат. Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага?“, се вели во соопштението.

Средбата беше закажана за 25 март, а потоа беше побарано да се одложи и да се одржи на 5 април. Одговорот од првиот човек на Собранието за откажување на седницата бил добиен на 1 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…

Голем пожар во болница на Златибор!

Локализиран е пожарот што избувна половина час…

Повредениот во експлозијата во Куманово, по укажаната…

Повредениот при пожар од експлозија на плинска…