Џачка: Имаше спорадични случаи на бугарска асимилација на Македонците во Албанија

t

Реална е можноста Албанија и Република Македонија да станат полноправни членки на ЕУ до 2030 година, рече министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар на заедничката прес-конференција во Скопје со министерката за надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка, која е во официјална посета на Македонија. Османи рече и дека двете земји имаат заеднички ставови во однос на усогласување на надворешната политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

„Економската соработка меѓу двете земји е успешна, но недоволна, наша должност е да им овозможиме на бизнисите и на граѓаните уште повеќе можности за размена и соработка“, посочи Османи и додаде дека инфраструктурното поврзување преку Коридорот 8 останува приоритет.

„Нашите влади имаат пријателска и конструктивна комуникација за широк спектар на прашања. Се чувствувам горд што соработката меѓу двете земји е модел на соработка меѓу соседите во нашиот регион. Нашите земји придонесуваат и за ориентацијата на регионот кон евроатлантските перспективи“, истакна Џачка, додавајќи дека на средбата со Османи разговарала за зајакнување на соработката не само во инфраструктурата, туку и во однос на трговијата, културата, туризмот и образованието.

На прашањето дали Албанија ќе продолжи сама во преговорите со ЕУ, доколку Македонија не успее навремено да ги направи уставните измени вклучени во преговарачката рамка, Џачка одговори дека сите политички фактори во земјата мора да бидат одговорни за интересот на државата и граѓани.

„Мора да се случат уставни промени и сите да сфатат дека тоа ќе биде пат кон ЕУ. За нас ова е момент кога има нова динамика и ЕУ е посвесна за потребите на овој регион и посвесна за тоа како целиот процес е поврзан со европската безбедност“, рече таа.

На новинарско прашање „дали Албанија замижила пред тивката асимилација на Македонците во Албанија, која Бугарија ја спроведува“, Џачка одговори дека Албанија отсекогаш била многу цврста на своите ставови дека „една земја не може да го блокира влезот на Албанија и Република Македонија во ЕУ на историска основа или политички пресметки“.

„Не паметам дека сме замижиле пред официјална Софија. Сме биле доста гласни. Денес е момент од геостратешко значење. Војната во Русија ја натера ЕУ да се разбуди и да сфати дека и треба поактивен пристап кон балканските земји, бидејќи процесот на проширување е поврзан не само со безбедноста на Балканот, туку и со целата ЕУ. Денеска имаме брза лента и имаме можност заедно да одиме по таа брза лента. И колку што ние мора да бидеме свесни и подготвени за нашите обврски, мора да бидат свесни и земјите-членки на ЕУ“, посочи таа.

Џачка негираше дека има информации за обид на „асимилација на македонското население во Албанија од страна на Бугарија, освен спорадични случаи што се проверуваат“ и истакна дека има тесна координација со институциите во Македонија, но нема информации дека овој процес е голем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…

УТРЕ Е ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите…