„Џглаб пеевче“: Камиони од 40 илјади евра Охридски комуналец ги набавил за 5,6 милиони денари – Над ТРИ МИЛИОНИ завршиле во џеб?!
Шема како по учебник, прирачник за тоа како се мести тендер, се цеди буџет на јавно претпријатие и се полни сопствениот џеб (или џебот на партијата)…
Камиони набавени повеќе од двојно од реалната цена, на тендер со еден понудувач!
Се сеќавате на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ кое набави булдожер од 1987 година за 3,3 милиони денари, а директорот Нјдески доби кривична пријава за набавката? Епа тоа не е единствената спорна набавка во претпријатието, чиј директор Сашо Најдески веќе заработи една кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за набавката на булдожерот.
Денес пишуваме за тоа како истиот Најдески и истото претпријатие набавиле два камиони за собирање на ѓубре за 97 илјади евра (5.660.460 ден), иако камионите вкупно чинат околу 40-тина илјади евра.
Детали за набавката
ЈП Охридски Комуналец Охрид на ден 13.11.2023 година склучува договор за набавка на две половни специјални возила- камиони ѓубретарец со компанијата РЕАЛ ИНВЕСТ ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Струга во вредност од 5.660.460,00ден.
Едниот камион, согласно податоците од дооворот, е Scania P400 La6 x 2 MLB. Година на производство 2012, во годоворот се надевени и бројот на шасија на возилото и регистарските таблички.
Вториот камион е Мерцедес, година на производство 2011, исто така наведени регистарските таблички и бројот на шасија на возилото.
Во договорот, како што можете да видите не е назначена поединечната вредност на двете возила, туку вкупната, која, како што ќе можете да видите во продолжение е отприлика двојно поголема од пазарната вредност на овие возила.
На веб страниците каде се продаваат вакви и слични возила, исти вакви камиони се набавуваат за по околу 20.000 евра, односно вкупно за двата камиони вредноста би била околу 40.000 евра, што значи дека Охридски комуналец ги набавило возилата за двојно поскапо од пазарната вредност.
Иста ваква Сканија чини 19.000 евра.
Мерцедесот чини 20.900 евра.
Заедно двете возила, чинат 39.900 евра (2.453.850 денари) но Охридски комуналец ги набавува за ПЕТ И ПОЛ МИЛИОНИ ДЕНАРИ, поточно 5.660.460,00ден.
Разликата од НАД ТРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ (3.206.610 денари) веројатно завршила во нечиј џеб, не прејудицираме во чиј, само кажуваме дека вклучени во постапката се неколку лица, директорот на претпријатието Сашо Најдески, службеникот кој ја изготвил техничката спецификација за која пишуваме малку подоцна, лица од секторот кои ја вршат јавната набавка…
Да повториме, ние пренесуваме само факти, јавно достапни податоци кои се проверливи, а работа на Обвинителството е да провери зошто камионите се набавени за три милиони денари покапо од вредноста на истите.
А сега, како се мести тендер по учебник
Техничката спецификација служи за да се определат критериумите на возилото кое ќе се набави. И во ред е да се стават услови од типот на еур стандард, да биде технички функционално, да се запазат одредени стандарди за заштита на животна средина, количина на отпад која може да се собере и слично, но не и да се нацрта конкретното возило, па никој друг да не може да учествува на тендерот. Зошто би потенцирале должина, ширина на возило, пневматици…
Во продолжение, да видиме како Охридски комуналец „ги црта“ двата камиони кои треба да се набават.
Во продолжение, техничката спецификација:
Техничка спецификација
- Дел1 Специјално возило за транспортирање комунален отпад мин.22м3
- Специјално возило за транспортирање комунален отпад
- Година – мин.2011
- Еур стандард – мин.5
- Вкупна маса на возилото со надградба –од 25.000 до 27.000 кг
- Маса на возилото – од 17.000 до 17.500 кг
- Дозволена носивост – од 9.000 до 11.000 кг
- Дозволена должина на возилото – макс.10.600
- Дозволена ширина на возилото – макс.2.500
- Дозволена висина на возилото – макс. 3.650
- Дозволени пневматици – 315/80/22.5 до 385/65/22.5
- Работна зафатнина на возилото – макс. 12.800
- Сила на моторот во киловати – мин.295 kw
- Места за седење –минимум 2
- Ротоционо жолто светло – напред и назад
- Менувач – полуавтоматик или автоматик
- Клима уред
- Подесување на волан
- Електрични подизачи на стакла – и од лева и од десна страна
- Воздушни јастуци на заден трап
- Светла за ноќна работа – и предна и задна страна
- Осовини на возилото – 6 X 2
- Поминати километри на возилото – макс. 180.000
- Гориво – дизел
- Возилото да поседува надградба за собирање на комунален отпад – мин.22м3
- Година на производство на надградбата – мин.2011 година
- Уред за антикражба и имобилизатор
- Систем за подигање на садови од 120л, 240л, 660л, 700л, 770л, 900л, 1,1 м3
- Пратечка осовина
- Возилото мора да биде технички функционално во исправна состојба во моментот на увид
- Возилото мора да поседува технички карактеристики во склад со барањата на тех.спецификација
Моторното возило треба да поседува македонски регистарски таблички,но доколку моторното возилото е увезено и поседува странски документи за регистрација на возилото истите треба да се преведени на македонски јазик.Економскиот оператор во , моментот на примопредавање е должен возилото да го испорача/предаде со извршена регистрација со македонски регистарски таблици на сопствен трошок.
- Гаранција на возилото и надградбата – мин.6 месеци
- Понудувачот да достави детален опис со сите карактеристики за возилото, фотографија и копија од сообраќајна дозвола
- Напомена:Предметот на набавка ќе подлежи на евалуација од страна на стручни лица механичари која ќе биде направена за да биде урврдена фактичката состојба-
Техничка спецификација
- Дел2 Специјално возило за транспортирање комунален отпад мин.20м3
- Специјално возило за транспортирање комунален отпад
- Година – мин.2011
- Еур стандард – мин.5
- Вкупна маса на возилото со надградба – од 26.000 до 27.000 кг
- Маса на возилото – од 15.600 до 15.800 кг
- Дозволена носивост – од 10.000 до 11.000 кг
- Дозволена должина на возилото – макс.10.350
- Дозволена ширина на возилото – макс.2.550
- Дозволена висина на возилото – макс. 3.800
- Дозволени пневматици – мин.315/80/22.5
- Работна зафатнина на возилото – макс. 11.950
- Сила на моторот во киловати – мин.250 kw
- Места за седење –минимум 3
- Ротоционо жолто светло – напред и назад
- Менувач – полуавтоматик или автоматик
- Клима уред
- Подесување на волан
- Електрични подизачи на стакла – и од лева и од десна страна
- Воздушни јастуци на заден трап
- Светла за ноќна работа – и предна и задна страна
- Осовини на возилото – 6 X 2
- Поминати километри на возилото – макс. 180.000
- Гориво – дизел
- Возилото да поседува надградба за собирање на комунален отпад – мин.20м3
- Година на производство на надградбата – мин.2011 година
- Уред за антикражба и имобилизатор
- Систем за подигање на садови од 120л, 240л, 660л, 700л, 770л, 900л, 1,1 м3
- Пратечка осовина
- Возилото мора да биде технички функционално во исправна состојба во моментот на увид
- Возилото мора да поседува технички карактеристики во склад со барањата на тех.спецификација
- Гаранција на возилото и надградбата – мин.6 месеци
- Понудувачот да достави детален опис со сите карактеристики за возилото, фотографија и копија од сообраќајна дозвола
- Напомена:Предметот на набавка ќе подлежи на евалуација од страна на стручни лица механичари која ќе биде направена за да биде урврдена фактичката состојба.
Како цртани, нели? Зошто така? Можеби за да може на тендерот да се пријави само една компанија која ги поседува двете возила со точните технички спецификации од јавната набавка.
И така би, пријавена на тендерот е само една компанија, а од првично предвидената сума за набавка на возилата намалени се само 4.000 денари…
Како што кажавме, потписник на договорот е директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Најдески.
Инаку, господинот Најдески веќе има една кривична пријава за набавката на булдожерот од фирмата на, како што велат тие, криминалецот и локален шериф, Нефи Усеини.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 од КЗ ” и “Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” чл.275-в од КЗ.
С.Н. во својство на вд. директор на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид и С.М, И.О и Т.Р во својство на членови на комисијата за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека ценат на единствената понуда за набавка на работна машина – булдужер е повеќекратно ( до 5 пати) повисока од пазарната вредност на истата, на ден 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице “НЕФИ ИК” ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид за сума од 3.304.000,00 денари.
Уште еден чист случај за ОЈО Охрид и МВР, уште една сомнителна јавна набавка која ја плаќаат граѓаните на Охрид и Република Македонија.
Во меѓувреме, Пецаков не го разрешува директорот Сашо Најдески од позицијата, иако претпријатието тоне во долгови, а извршител им запленува дуќани и имоти бидејќи должат над 30 милиони денари кон приватни лица, а и градоначалникот Пецаков и актуелниот директор во кампањата за локалните избори ветуваа дека ќе ги консолидираат претпријатијата и ќе ги исплатат заостанатите долгови. Ама како да се платат долгови кога од претпријатието се испумпуваат милиони преку сомнителни јавни набавки?
За долговите на Охридски комуналец ќе пишуваме во друг текст наскоро, а во меѓувреме уште еднаш вратете се погоре и прочитајте како се мести тендер по учебник и како се испумпуваат над три милиони денари народни пари…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…