Пецакот купил булдожер стар 36 години од Нефи Усеини за 3,3 милиони денари!

t

Со Пецаков нема зима за Нефи Усеини

Охридски комуналец уште еднаш го позлати Нефи Усеини, овојпат со неверојатни 54 илјади евра за набавка на половен булдожер.

Согласно податоците од сајтот за јавни набавки, ЈП Охридски Комуналец Охрид на 17.01.2024 година склучил договор за набавка на градежна машина булдожер -половен со фирмата НЕФИ ИК ДООЕЛ увоз-извоз Охрид во вредност од 3.304.000,00ден.

На договорот за набавка на половниот булдожер е потпишан в.д директорот на претпријатието, Сашо Најдески.

Се работи за стар, половен булдожер од 1987 година кој на сајтовите за продажба на ваква механизација, зависно од точниот вид на булдожерот чини од 3.000 до 12 или 13.000 евра.

Она што е интересно, покрај астрономската сума за која е набавен булдожерот, е тоа што како единствен понудувач на огласот се јавила компанијата на Нефи Усеини.

Ова не е единствениот тендер од Општината Охрид и охридските претпријатија за Нефи Усеини.

Инфомакс претходно објави документи за тоа како НЕФИ ИК ДООЕЛ увоз-извоз Охрид во две одделни набавки добила 27 милиони и 88 и пол илјади денари или над 451 ИЛЈАДИ ЕВРА!

Дополнително Усеини добил 138.449,40 денари од ЈП Градски Гробишта-Охрид за Градежни материјали, 846.060,00 денари од истото претпријатие за градежни материјали, 217.637,05 денари од ОУ Кочо Рацин Охрид за Уредување на влезот на училиштето и комплетно уредување на тоалети во ООУ„Кочо Рацин“,ПУ.Долно Лакочереј, 174.522,00 денари од ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД за Градежни материјали, 1.313.600,90 денари за ОУ Братство Единство – Охрид за изведување работи за реконструкција на санитарни јазли (тоалети) во ООУ „Братство Единство“ – Охрид во училишна зграда Лескајца, 3.422.000,00 денари од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – ОХРИД за Фракционен камен агрегат, 1.013.030,00 денари од ЈП Градски Гробишта-Охрид за Градежни материјали, 617.966,00 денари ЈП Охридски Комуналец Охрид за Набавка на градежни материјали.

Во ДПМНЕ мислењето за Нефи Усеини не било секогаш толку позитивно. Во продолжение можете да слушнете прес-конференција во партиското седиште каде Нефи Усеини се прогласува за најголем криминалец, мафијаш и бетонизатор на Охрид.

Ова е уште еден во низата сомнителни тендери кои Нефи Усеини ги добил од Општина Охрид и претпријатијата.

Обвинителството и ДКСК имаат уште еден чист случај, да истражат како булдожерот кој е половен е набавен за речиси петпати повисока цена од пазарната вредност на тендер на кој се јавил само еден понудувач.

Ова потсетува на аферата „тракторче“ во која машини за одбележување на хоризонтална сигнализација беа набавени за 50.000 евра, иако истите чинат само 3.000 евра.

Ситуацијата во општините раководени од градоначалниците на Мицкоски е катастрофална, наместо реализација на ветените проекти се случува општ грабеж на народот и народните пари со афери како тракторчињата, булдожерот, Стентон-град и слично…

На крај останува прашањето во чиј џеб заврши разликата од сумата за купеното булдожерче и дали некој ќе понесе одговорност за трошењето на парите на граѓаните за богатење на лица кои до вчера беа претставени како најголеми мафијаши?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…