Џил Бајден не ја исклучува можноста дека на поранешниот американски претседател му било ставено нешто во пијалокот на дебатата со Трамп
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека не знае што се случило со поранешниот претседател на САД, Џозеф Бајден, за време на катастрофалната ТВ дебата со сегашниот лидер на САД, Доналд Трамп, во 2024 година, но не ја исклучила можноста некој да му го додал пијалокот.
За време на гостувањето во подкастот на Џејми Керн, Бајден беше прашана дали лекарите исклучиле мозочен удар таа вечер.
„Да“, одговори Џил Бајден, објаснувајќи дека додека ги пишувала своите мемоари, размислувала за тоа што се случило и ги прашала лекарите дали нејзиниот сопруг е добро, пренесува „Њујорк пост“.
Водителката потоа директно ја прашала што ѝ кажува нејзината интуиција за причината за неговото однесување.
„Не знам. Постојат секакви теории. Знаете, тој патуваше. Знам дека беше уморен, не се чувствуваше добро тој ден кога го видов, но немаше ништо конкретно на што би можела да посочам“, рече Џил Бајден.
Кога ја прашале дали е можно некој, не дај Боже, „да му додал нешто во пијалокот“, поранешната прва дама одговорила: „Кој знае?“
Џил Бајден претходно опиша дека била преплашена за време на дебатата бидејќи мислела дека нејзиниот сопруг можеби доживува мозочен удар. Таа рече дека никогаш не го видела во таква состојба ниту пред ниту потоа.
Дебатата со Трамп во јуни 2024 година беше еден од клучните моменти од претседателската кампања. Настапот на Бајден беше обележан со пелтечење, долги паузи и збунет изглед, што предизвика сериозни сомнежи за неговата способност да продолжи во претседателската трка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување…
Европската Унија останува стратешка цел на државата…
Драма во Црното Море: 11 морнари исчезнати…
Единаесет морнари се водат како исчезнати по…
Европската комисија предупредува на исклучително тешка зима:…
Европската Унија се подготвува за исклучително тешка…
Нов скандал ја тресе Бугарија: Радев од…
Бугарскиот премиер Румен Радев побара од директорот…
Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија…
Се повеќе е евидентна тезата која веќе…