Џинпинг ѝ го честита изборот на Силјановска-Давкова за претседател

t

Претседателот на Кина, Си Џинпинг упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на државата, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

-Кина и Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки за двата народа.

Истакнувајќи дека високо го цени развојот на билатералните односи, Си Џинпинг истакнува дека е „подготвен да работи со својата колешка од Македонија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел пријателските односи меѓу Кина и Македонија да се подигнат на ново повисоко ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…