Џипинг ѝ го честита на Србија денот на државноста: „Ви посакуваме среќа и благосостојба“

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска прими честитка од претседателот на Кина, Си Џинпинг, по повод Денот на државноста на Србија.

„Почитуван господине претседателе, По повод Денот на државноста на Република Србија, во име на Владата и народот на Кина, ви посакувам вам и на пријателскиот српски народ моите срдечни честитки и најдобри желби. Под ваше водство, економскиот развој и социјалниот развој во Србија постигнаа извонредни резултати, а стандардот на граѓаните постојано се подобрува. Србија се залага за независност, а нејзината меѓународна позиција и влијание постојано се подобруваат. Како добар пријател на Србија, Кина се радува на вакви успеси“, се вели во честитката.

Се додава дека под заедничко раководство кинеско-српските односи доживеале чекор напред во последните години.

„Нашите две земји имаат силна политичка меѓусебна доверба и меѓусебно се поддржуваат во виталните интереси, а длабочината и широчината на практичната соработка континуирано се зголемуваат, квалитетот и ефикасноста постојано се подобруваат, давајќи позитивен придонес во развојот на двете страни, на висококвалитетна заедничка изградба на „Појас и пат“ и градење заедница со заедничка иднина за човештвото“, се нагласува понатаму. Џинпинг додава дека придава големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Србија. „Подготвен сум да вложам заеднички напори со вас за да ја интензивираме размената меѓу нашите две земји на сите нивоа, да ја продлабочиме сеопфатната соработка и да го унапредиме кинеско-српското сеопфатно стратешко партнерство на уште повисоко ниво. Посакувам просперитет на вашата земја, а среќа и благосостојба на луѓето“, се вели во честитката на претседателот Си Џинпинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…