Џонсон од авион директно во нова трка за премиерската функција
Со авион на „Бритиш Ервејз“, Борис Џонсон денеска пристигна на аеродромот „Гетвик“ во Лондон од Доминиканската Република, каде во изминатиот период беше на одмор со семејството, и директно влегува во трката за нов лидер на Конзервативната партија по оставката на премиерката Лиз Трас.
Џонсон успеа да го мине цензусот од 100 гласови од пратениците на Конзервативната партија и би можел да се најде на гласачките ливчиња за избор на нов претседател на партијата и иден премиер.
Номинациите за лидер на Конзервативците се очекува да се финализираат в понеделник, откако поранешниот министер за финансии Риши Сунак стана првиот кандидат за лидер на Конзервативците кој го мина цензусот од 100 пратеници. Во трката за претседател на партијата се вклучи и поранешната министерка за одбрана, Пени Мордонт, но таа засега ја нема потребната поддршка.
Победникот на внатрепартиските избори на конзервативците треба да биде познат најдоцна до петок идната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…