Џонсон призна: Војната во Украина може да трае до крајот на 2023 година и Русија има “реална можност” да победи
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека постои „реална можност“ Русија да победи во инвазијата на Украина.
-Путин има огромна војска, но, тој има многу тешка политичка позиција бидејќи направи катастрофална грешка. Единствената опција што сега ја има е да продолжи да се обидува да го користи својот ужасен пристап за „мелење“, предводен од артилерија, за да се обиде да ги сотре Украинците – рече Џонсон во Њу Делхи.
Тој уште истакна дека верува во проценките на британското разузнавање дека војната би можела да трае до крајот на 2023 година.
-Тој е многу блиску до обезбедување копнен мост во Мариупол сега. Се плашам дека ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мораме да бидеме реални за тоа – посочи Џонсон.
Џонсон, исто така, рече дека Велика Британија ќе испрати повеќе артилерија до украинските сили и потврди дека британската амбасада ќе биде повторно отворена во главниот град на Украина следниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…