Џонсон: Путин направи огромна грешка со Украина – Нема да ги нормализираме односите со него
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека би било грешка да се нормализираат односите со рускиот претседател Владимир Путин по руската инвазија врз Украина.
– Да се обидеме повторно да ги нормализираме односите со Путин по ова, како што направивме во 2014 година, би значело повторно да ја направиме истата грешка, изјави Џонсон на конференцијата на Конзервативната партија.
Говорејќи на конференцијата на Конзервативната партија во Блекпул, премиерот на Велика Британија рече дека земјата стои со народот на Украина.
– Со секој ден кога херојскиот отпор на Украина продолжува, јасно е дека Путин направи катастрофална грешка, рече тој.
Џонсон се запраша зошто Путин почна целосна инвазија на Украина, отфрлајќи ја идејата дека тоа е поради загриженоста за приклучувањето на земјата во НАТО.
– Тој беше исплашен од Украина, бидејќи во Украина имаат слобода на говор. И во Украина имаат слободни избори и со секоја година Украина напредуваше, не секогаш лесно, кон слобода и демократија и отворени пазари, тој се плашеше од украинскиот пример и се плашеше од имплицитниот прекор кон себе, рече Џонсон.
– Во Русија на Путин добивате 15 години затвор само затоа што инвазијата ја нарекувате инвазија. И ако застанете против Путин на избори, ќе бидете отруени или стрелани.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…