Објавено на:

Џонсон: Русите напредуваат сантиметар по сантиметар, Украина може да победи

t

Украина може да победи, вели британскиот премиер Борис Џонсон. Тој предупреди на ризик од замор во Украина како што минува времето.

Според него, важно е Британија да продолжи да покажува поддршка за Украина на долг рок.  Џонсон вели дека Русите напредуваат сантиметар по сантиметар. 

„За нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи“, изјави Џонсон по враќањето од Киев во Британија, пренесува Гардијан.

Џонсон изјави дека Западот мора да продолжи да ги поддржува Украинците додека тие се обидуваат да ја вратат територијата заземена од Русија, нагласувајќи дека ќе биде „катастрофа” доколку рускиот претседател Владимир Путин може да тврди дека победил, јави ДПА.

Џонсон рече дека Британија ќе биде подготвена да обучи десетици илјади украински војници додека тие продолжуваат да се борат против Русите. Британскиот премиер по втор пат беше во посета на Украина откако почна војната. Русија претходно се закани на повеќе држави, а воедно и на Британија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…