Џонсон: „Русија ја планира најголемата војна во Европа од 1945 година“
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека доказите покажуваат дека Русија ја планира „најголемата војна во Европа од 1945 година“, пренесува Агенција Анадолија.
„Јасно е дека постојат сите знаци дека во некои аспекти, планот е веќе започнат“, предупреди Џонсон за „Би-би-си“.
Тој истакна дека разузнавачките податоци покажуваат дека Русија има намера да започне инвазија со која ќе го опколи Киев, главниот украински град.
Џонсон, исто така, кажа дека американскиот претседател Џо Бајден им рекол на западните лидери дека според разузнавачките податоци, руските сили планираат да влезат во Украина не само од исток, преку Донбас, туку и од подрачјето околу Белорусија за да го опколат украинскиот главен град Киев.
„Се плашам дека планот што го гледаме е нешто што би можело да биде најголемата војна во Европа од 1945 година“, рече Џонсон.
Додаде дека луѓето треба да ги имаат предвид и потенцијалните загуби не само на Украинците, туку и на младите Руси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
