Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди полесно со Трамп, вели дека не се слушнале со недели
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека очекувала односите со американскиот претседател Доналд Трамп да бидат полесни поради нивните слични ставови, но дека работите се развиле поинаку, пренесуваат италијанските медиуми.
„Јасно е дека мислев дека со Доналд Трамп работите ќе бидат полесни, со оглед на тоа што имаме заеднички ставови за миграцијата и ‘воук’ културата. Работите се одвиваа поинаку“, изјави Мелони во интервју за „Њујорк тајмс“.
Таа рече дека не разговарала со него неколку недели.
На прашањето дали по летната пауза повторно ќе стапи во контакт со Трамп, Мелони одговори: „Ќе видиме“.
Сепак, италијанската премиерка нагласи дека и понатаму смета оти единството на Западот е од исклучително значење и дека стратегијата на Италија не ја определува врз основа на личните односи со американскиот претседател.
„Не сакам покорна Италија, Италија која се смета себеси за инфериорна во однос на другите. Сакам да донесам револуција на гордоста“, рекла Мелони.
Таа додале дека не сака други да ѝ ги поставуваат границите.
„Најмногу ме мотивира кога некој ќе ми каже не“, истакна италијанската премиерка.
Мелони беше единствената лидерка на земја од ЕУ поканета на инаугурацијата на Трамп. Но, нивниот претходно близок однос се влоши поради несогласувањата околу американската војна со Иран.
По самитот на НАТО во Анкара минатиот месец, Мелони изјави дека не жали за ништо во односите со Трамп и дека нејзината цел останува единството на Западот.
Таа не сакаше да го коментира ниту најновиот напад на Трамп, кој објави фотографија на која таа гледа кон него со восхит, придружена со натпис „Потребна е забрана за приближување“.
Тензиите меѓу двајцата дополнително се зголемија откако Трамп оцени дека Италија постапила „многу лошо“со одлуките за користење на нејзините воени бази. Рим во март не му дозволи на Вашингтон да ја користи воздухопловната база на Сицилија за американски бомбардери за време на војната со Иран.
Одбивањето на Италија да се вклучи во војната со Иран доведе до заладување на односите меѓу Трамп и Мелони, кои претходно имаа пријателски однос.
Трамп потоа предизвика нова расправија тврдејќи дека Мелони го „молела“ да се фотографира со неа на самитот на Г7 минатиот месец.
Таа ги отфрли тврдењата како измислени и го критикуваше Трамп дека лошо се однесува кон сојузниците, додека покажува попустливост кон противниците на Западот.
Откако Трамп повторно ја нападна, тврдејќи дека Мелони сака да ги подобри односите со него само за да ја зголеми популарноста дома, италијанската премиерка му возврати дека неговите напади се „бесмислени“.
Таа нагласи дека односите со него не влијаеле врз нејзиниот рејтинг и порача дека нејзината популарност не е негова работа.
Трамп неодамна изјави дека ја сака Мелони и ја смета за „добра личност“, но повторно се пожали дека таа „не била тука за нас“ за време на војната со Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…
НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец,…
НАТО одржа видеоконференција со сојузниците за можен…
Германското обвинителство води истрага против осомничен за…
Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добринт,…
Хезболах вели дека ќе продолжи со отпорот…
„Хезболах“ денеска соопшти дека ќе продолжи со…