Објавено на:

Џорџ Робертсон: Путин сакаше Русија да влезе во НАТО

t

Џорџ Робертсон, поранешниот шеф на НАТО, во интервју за Би-Би-Си, зборуваше за раните денови на владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, кој во тоа време размислувал за евентуално вклучување на Русија во Алијансата.

– Путин со кој се среќавав, со кого добро работев, со кого го основав Советот НАТО-Русија, е многу, многу поинаков од овој сегашен мегаломан, изјави Лорд Робертсон за Би-Би-Си.

– Човекот стоеше покрај мене во мај 2002 година рече дека Украина е суверена и независна национална држава која ќе носи свои безбедносни одлуки, а сега тоа е човек кој вели дека Украина не е држава, додаде тој.

Лорд Робертсон потсети како рускиот лидер размислувал за НАТО.

– На вториот состанок отворено ме праша: „Кога ќе ја поканите Русија да влезе во НАТО? Му реков дека не покануваме земји, тие самите се пријавуваат, а тој ми одговори: „Па, нема да застанеме во ред покрај еден куп земји кои не се важни“.

Сепак, поранешниот шеф на НАТО не верува дека Путин навистина сакал да поднесе барање за членство.

– Тој сакаше тоа да му се претстави. Мислам дека тој секогаш мислеше, а сега уште повеќе мисли дека Русија е голема нација на светската сцена и има потреба од почитта што ја имаше Советскиот Сојуз, додаде Робертсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…