1 РУБЉА ЧИНИ 0,786 ДЕНАРИ: Народната банка ја врати руската валута на официјалната курсната листа

t

По одлуката на Русија гасот да се плаќа во рубљи и по пауза од два месеца, оваа валута се врати на курсната листа на Народната банка. Со ова се овозможува и тргување со оваа валута.

Според денешната курсна листа, соодносот рубља – денар е 1: 0,7866, односно 1 рубља се менува за 0,78 денари.

Рубљата ја немаше на официјалната курсна листа на земјава од 2 март годинава. Народната банка во изјава за Плусинфо тогаш беше кажано дека причина е тоа што Европската централна банка нема референтна цена за оваа валута.

– Од 2 март, кога Европската централна банка соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековно недоволниот обем на тргување и во согласност со Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите, Народната банка информираше дека среден курс на денарот во однос на руската рубља е последно објавен на курсната листа со важност од 2 март 2022 година – рекоа од НБ.

Народна банка информираше дека за книговодствено искажување на побарувањата и на обврските се користи последниот среден курс на денарот во однос на руската рубља од 2 март. Тогаш рубљата се менувала за 0,5264 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се подготвува за војна? Одбрана набавува…

Според министерката за одбрана Славјанка Петровска во…

(Видео) Макрон кришум си го извади часовникот…

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред неколку дена…

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во…

Беќаровски: Дали поверувавте дека две докторки кои…

Секој доктор кој ќе го прочита извештајот…