1 РУБЉА ЧИНИ 0,786 ДЕНАРИ: Народната банка ја врати руската валута на официјалната курсната листа

t

По одлуката на Русија гасот да се плаќа во рубљи и по пауза од два месеца, оваа валута се врати на курсната листа на Народната банка. Со ова се овозможува и тргување со оваа валута.

Според денешната курсна листа, соодносот рубља – денар е 1: 0,7866, односно 1 рубља се менува за 0,78 денари.

Рубљата ја немаше на официјалната курсна листа на земјава од 2 март годинава. Народната банка во изјава за Плусинфо тогаш беше кажано дека причина е тоа што Европската централна банка нема референтна цена за оваа валута.

– Од 2 март, кога Европската централна банка соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековно недоволниот обем на тргување и во согласност со Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите, Народната банка информираше дека среден курс на денарот во однос на руската рубља е последно објавен на курсната листа со важност од 2 март 2022 година – рекоа од НБ.

Народна банка информираше дека за книговодствено искажување на побарувањата и на обврските се користи последниот среден курс на денарот во однос на руската рубља од 2 март. Тогаш рубљата се менувала за 0,5264 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СТРАШНИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ..…

За жал, потрагата по исчезнатата Данкa Илиќ…

Вучиќ: Со какви чудовишта си имаме работа

Убиена е Данка Илиќ, соопшти денеска на…

УЖАСНИ ВЕСТИ ОД СРБИЈА: Малата Данка е…

Малта Данка е убиена, информираше Александар Вучиќ.…

РИСОТ КРЛЕ Е ПУШТЕН НА СЛОБОДА –…

„Името му е Крле, а тоа име…

Во Велес фатен затвореник избеган од Идризово

Во Велес синоќа во 21:30 часот полициски…