10 активни пожари до 19 часот: Гори во речиси цела Македонија!
Денес, понеделник, 12.08.2024 година, до 19:00 часот има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 7 се под контрола и 7 се изгаснати, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Активни се пожарите во:
- Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);
- Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума)
- Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);
- Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);
- Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);
- Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);
- Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
- Општина Кичево 3: с.Туин, Калешовци (дабова шума);
- Општина Гази Баба: с.Трубарево (сува трева);
- Општина Крива Паланка: нас.Ловачки дом (сува трева).
ПОД КОНТРОЛА: 7
- Општина Неготино: Кај ТЕЦ Неготино (сува трева);
- Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);
- Кичево: с.Зајас (мешана шума);
- Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (4 НШ) (ниска вегетација);
- Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
- Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
- Општина Липково: с.Никуштак (депонија).
ИЗГАСНАТИ: 7
- Општина Неготино: Пепелешки мост – месност Јаворица (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);
- Општина Виница: круг на Фабрика Треска (сува трева и пелевина);
- Општина Босилово: с.Бориево (сува трева);
- Општина Аеродром: под мостот на р.Вардар, на патниот правец Идризово – Долно Лисиче (ѓубре);
- Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија);
- Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста шума);
- Општина Кичево: кај Стража.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…
Во текот на денешниот ден до 18…