100 милиони евра за Македонија и силна поддршка за членство во ЕУ: Средба Ковачевски-Џентолини

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на учеството на Виенскиот Економски форум оствари средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини.

Еврокомесарот ја потенцираше поддршката за Македонија за членство во ЕУ. Тој истакна дека обезбедена е макрофинансиска помош за Македонија од 100 милиони евра.

„Процесот на пристапни преговори ќе значи и зголемена финансиска поддршка за Македонија”, истакна на средбата еврокомесарот за економија Џентолини.

Премиерот Ковачевски и еврокомесарот Џентолини разменија ставови во врска со реализацијата на приоритетните проекти на Македонија во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан. Двајцата соговорници истакнаа дека тоа ќе значи стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување на Македонија како и на другите земји од регионот.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека европската интеграција е стратешка цел на Македонија, и Владата е силно посветена на реформите, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот поатрактивен за инвестиции.

Соговорниците разменија ставови и за Планот за раст за Западен Балкан кој е силен поттик на процесот на евроинтеграциите на регионот, со што ќе се зголеми двојно обемот на економијата на регионот и во земјата.

На средбата двајцата соговорници истакнаа дека европската интеграција за Македонија ќе значи темелни промени и усогласување на економските и правните рамки со законските регулативи и со политиките на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…