107 години од Бадниковиот масакар: Почивајте во мир 103 поречани на кои животот ви го одзеде бугарската гнасна рака

t

Бадниковиот масакр, во кој на 6 јануари 1916 година, од страна на бугарската фашистичка војска се убиени 103 поречани е можеби една од темите од нашата историја која малку позната за јавноста. Денес после повеќе од 100 години, нивните коски лежат расфрлени во подрумот на една мала црква кај селото Манастирец. Црквата ја изградил рускиот монах Антоние некаде помеѓу двете светски војни кога и се пренесени моштите на починатите од преминот Барбарас каде биле убиени, пишува на Фејсбук Александар Димитријевиќ кој накратко објаснува што се случува на овој ден.

– „Заробени се 205 Поречани и на патот за Прилеп, половината од нив се оставени на месноста Дервишка нива, 103, најголем дел од селото Здуње, 22 лица, и тука сите масакрирани. А останатите биле пратени во затвор во Прилеп, а после повторно се вратени во Поречието“, рече Зоран Трпчески, професор по историја.

Свештеникот Марко Трпкоски кој ја има комплетната документација за овој настан, заедно со имињата на убиените дошол до еден интересен податок.

Еден од бугарските војници рекол дека тој не сака да учествува во оваа злосторство и дека не сака да ги коле поречаните, поради таа своја одлука и тој бил убиен и тој е 103-тата жртва на овој ден“, вели Отец Марко Трпкоски, свештеник.

Посмртните останки денес се нем сведок за ова злосторство.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново судење против родителите на монструмот Кецмановиќ…

Во Вишиот суд во Белград денеска треба…

„Толку мало дете, а толку страшен план…

Помина една година од масовното пукање во…

23 години од масакрот кај Вејце –…

Денеска се одбележуваат 23 години од нападот…

Да не се заборави: 12 години од…

Денеска се навршуваат дванаесет години од петкратното…

Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ, сведочи момче…

Денеска во Палатата на правдата во Белград…