109 години од Бадниковиот масакар

Малата црква во поречкото село Манастирец кај Македонски Брод, крие досега неразјаснета тајна за масовното убиство на 103 лица од овој крај во далечната 1916 година од бугарските војници. Се претпоставува дека во масовната гробница се наоѓаат останките на интелектуалци од овој крај.
Бадниковиот масакр, во кој на 6 јануари 1916 година, од страна на бугарската војска се убиени 103 поречани е можеби една од темите од нашата историја која малку позната за јавноста. Денес после 109 години, нивните коски лежат расфрлени во подрумот на една мала црква кај селото Манастирец. Црквата ја изградил рускиот монах Антоние некаде помеѓу двете светски војни кога и се пренесени моштите на починатите од преминот Барбарас каде биле убиени.
По повлекувањето на Србите, за време на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Вардарска Македонија во која почнале да организираат казнена експедиција под водство на потполковникот Констатин Панов. Се воделе т.н. црни списоци на видни луѓе, сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, војводи и четници. Биле уапсени 205 лица од овој список. Едни биле однесени во Околиското началство, други во Прилеп, а половината завршиле на Дервишка Нива.
Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените. Сите жртви се од Поречието, најмногу – 22 се од с. Здуње, 11 од Лупште, 9 од Томино Село, по 8 од Долни Манастирец и Зркле. Поречани подоцна им подигнале костурница во близина на манастирот.
Список на сите ликвидирани:
с. Белица:
Трајко Тримчески — кмет на селото;
Раде Михајлоски — претседател на селскиот одбор;
Анаќија Тркалески — виден човек од селото;
Тренко Велкоски — виден човек од селото;
Алексо Велкоски.
с. Бенче:
Грујо Димитриески — учител;
Темо Цанески;
Драгомир Манески;
Јован Манески и
Кочо Богатиноски.
с. Битово:
Спасе (?) — учител;
Неофит Манески;
Илија Змејкоски и
Јордан Стојаноски.
с. Брезница:
Ристо Стојаноски.
с. Близанско:
Димче Котески.
с. Брест:
Јован Ѓуроски;
Марко Крстески
с. Волче:
Бошко Митрески — војвода;
Михајло Јованоски
Радивој Миланоски
Раде Атески
Цветан Филипоски
Јордан Стојаноски
Павле Митрески
с. Грешница:
Трајан Стојкоски — угледен политичар
Стојан Спасески
Стојан Стојаноски
Богатин Смаќоски
с. Горно Ботушје:
Злате Златески
Неделко Срезоски
Тренко Златески
Војче Тренески
Наумче Василески.
с. Горно Крушје:
Атанас Дамчески — кмет на селото;
Спирко Состоски — учител;
Мате Симоноски — поранешен кмет на селото;
Анѓеле Ѓорѓиески — стар селски коџобашија;
Герасим Пејоски
Арсо Стефаноски
с. Горни Манастирец:
Милорад Стојкоски
с. Долно Ботушје:
Ристе Србиноски
Глигор Новески и
Дане Маркоски.
с. Долни Манастирец:
Нове Цветаноски — учител;
Радомир Стојкоски — познат политичар;
Илија Бојаноски — угледен политичар;
Максим Стојкоски
Живко Гинески
Стојко Вртаноски
Вукашин Пралески
Здравко Видески
с. Долно Крушје:
Андон Велјаноски — кмет на селото
Станко Арлампиоски — селски коџобашија
Мицко Михајлоски — поранешен кмет
с. Заград:
Китан Илиоски
Костадин Симоноски
с. Здуње:
Стеван Ѓорѓиоски
Перо Цветаноски
Цветко Тодороски
Наум Трајкоски
Радомир Аралашкоски
Блаже Цветаноски
Трпе Неделкоски
Тримче Јованоски
Ване Гинески
Спасе Станкоски
Станко Костадиноски
Ордан Ковилоски
Најдо Лазароски
Бошко Ѓорѓиоски
Насте Неделкоски
Стале Петрески — кмет на селото
Андреја Здавески — комита
Ставре Каравилоски — комита
Мијајле Ангелески — комита
Александар Синадиноски
Трендафил Лазарески
Трајко Синадиноски.
с. Звечан:
Димко Јованоски
Климе Јаковлески
Трпко Кузманоски
Костадин Стојаноски
Војче Михајлоски
Михајло Дукоски.
с. Зркле:
Крсте Гелкоски — учител
Зафир Врќакоски — учител
Андон Михајлоски — Претседател на одбор
Злате Михајлоски — политичар
Филип Витески
Миладин Саркоски
Стојко Трајкоски
Бранко Врчакоски
с. Косово:
Милан Богоески
Никола Спасески
Стане Јованоски
Аритон Трпески
Димитрија Маркоски
с. Ковач:
Неделко Илиески
Ратко Дукоски
Тоде Стојков Русески
Станислав Стојкоски
Михаил Трајкоски
Јордан Златески
Јордан Михајлоски
Томе Стојкоски — угледен политичар
с. Крапа:
Тасе Конески — свештеник
с. Калуѓерец:
Светозар Трајкоски
Воислав Стојчески
Драган Нанкоски
Васил Груески
с. Кошино:
Митре Јорданоски
Стеван Димоски
Тодор Стојкоски
с. Латово:
Ристе Костадиноски — познат политичар
с. Локвица:
Глигор Пејчиноски
Ристе Андоноски
с. Лупште:
Герасим Тренчески
Коне Алексоски
Стане Милошески
Бранко Врчакоски
Лубе Спасески
Михаил Драганоски
Илија Сталески
Миладин Димоски
Ристе Ѓорѓиоски
Јане Стојоски
Павле Јовески
Македонски Брод:
Душан Митрески
Најдо Трпчески
Арсо Митрески
Крсте Јосифоски
Михајло (?)
Велко (?)
Стојмир (?)
с. Модриште:
Михаил Мандароски
с. Могилец:
Стеван Каравилоски
Стојан Синадиноски
Миливој Синадиноски
с. Рамне:
Боге Миленкоски
Миладин Стеваноски
Герасим Стојкоски
с. Растеш:
Јаким Кочоски
Митре Митрески
Михаил Велкоски
Санде Ристески
Радомир Јанески
Нове Атанасоски
с. Ореовец:
Катин Катиноски
Велко Велкоски
Митре Стојкоски
с. Сланско:
Трпко Србиноски — кмет на селото
Јордан Дојчиноски
Стојо Цветаноски
Стеван Максимоски
Благоја Николоски
Александар Лазески
Ефтимиј Крстески.
с. Слатина:
Миладин Павлоски — кмет на селото
с. Сушица:
Саве Тренески
Деспот Цветаноски
с. Томино Село:
Милорад Танкоски
Стојо Манески
Здраве Наумоски
Велимир Трајкоски
Слободан Николоски
Данило Миланоски
Петре Наумоски
Аце Миленкоски
Јован Стојкоски — учител
с. Тажево:
Васил Груески;
Евалија Николоски и
Ѓорѓи Николоски.
с. Тополница:
Стојко Андрески — угледен политичар
Милан Богатиноски — угледен политичар
Спирко Каравилоски — угледен политичар и
Кочо Костоски.
с. Црешево:
Симон Савески — кмет на селото
Јордан Поп Цветкоски
Тане Данчески
Атанасија Данкоски
Јордан Дамчески
Крсте Секулоски
Радивој Ѓорѓиоски
с. Ропотово:
Богољуб Николоски
Велјан Примчески
Милован Огненоски
с. Дебриште:
Раде Зафироски
Лубе Димитриоски
Тодор Ангелески
Танас Ј. Танаскоски
Темелко Блажески
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Ден на жалост во Србија поради трагедијата…
Најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од…