11 лица незаконски работеле на Токсикологија

t

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија, утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонрeдниот инспекциски надзор по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија, поднесена поради незадоволство од работењето на клиниката особено со статусот на здравствените работници и соработници кои работеле без никаков договор за вработување после 31.12.2023.

„Издадено е решение здравствени услуги на клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници, соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност. Клиниката има рок од пет дена да ги отстрани констатираните недостатоци“, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.

Долг од два милиони денари, хаос, со месеци чекање валидизирани резултати – се само дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во Клиниката за токсикологија откако за вршителка на должноста организациска директорка е назначена Бесија Илјази се пожалија вчера на прес конференција вработени во Клиниката за токсикологија. Изјава даде и организациската директорка на клиниката, Бесија Илјази но, само на албански јазик. Министерот за здравство Илир Демири пак најави дека денеска ќе го разреши медицинскиот директор на клиниката, д-р Данил Петровски, а за Илјази кажа дека работи добро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…