11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

t

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата, истакна на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Им се заблагодари на сите полициски службеници, кои според него својата работа ја завршиле одговорно, професионално и без ниту еден пропуст.

„Денес покажавме дека кога институциите функционираат демократијата е сигурна“. Гласањето како што рече, започнало навреме на сите гласачки места освен на едно гласачко место 82, каде имало технички проблеми и задоцнување од два часа. „Регистрирани се 29 прекини на гласањето во траење од 15 до 30 минути најчесто поради технички проблеми со уредите за идентификација кои беа навремено решени“. Најмногу од нив биле на подрачјето на Тетово и Охрид. „Пријавени се вкупно 91 настан на територијата на државата од кои најголемиот дел се однесуваат на агитирање и можен поткуп а дел се однесуваат на фотографирање на гласачкото ливче , лепење плакати и упатени закани. По превземени мерки за 42 од пријавените случаи, постапките се завршени, а во најголем број истите наоди не се потврдени“. Во текот на денот лишени од слобода биле 11 лица во повеќето случаи поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачкото ливче. „Четири се веќе ослободени а седум се задржани на натамошна постапка. Пријавени се и седум настани со наводна инволвираност на полициски службеници од кои за шест е утврдено дека не постојат неправилности, а за еден случај се преземаат мерки за расчистување“. Според него во текот на денешниот ден имало приведување и на едно лице вработено во ДИК. „Согласно информациите кои ги имам, едно од лицата кое е лишено од слобода е во работен однос во рамките на Државната изборна комисија, но истиот при лишувањето од слобода не ги извршувал своите работни обврски, и е лишено од слобода затоа што одбил да се идентификува , кажа министерот за внатрешни работи. Регистрирани биле 19 објави на социјалните мрежи поврзани со изборите. „Денешниот изборен процес помина во демократска и мирна атмосфера како резултат на навремено планирање и координација на МВР“, рече Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два притвори, еден куќен притвор и мерки…

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…

„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…

Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…

Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…

По обвинувања од политичка партија за наводно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…