14-годишен велешанец пронашол 46.000 денари и ги вратил – доби благодарница
Четиринаесетгодишниот Илија Гигов од Велес деновиве стана пример за чесност и добрина, откако пред експозитура на банка во центарот на градот пронашол штедна книшка во која имало 23 банкноти од по 2.000 денари, односно вкупно 46.000 денари.
Младиот Илија парите и книшката ги забележал додека се враќал од училиште, а веднаш по пронаоѓањето им кажал на своите родители. Без двоумење, тие го пријавиле случајот во полиција, по што изгубените предмети брзо му биле вратени на сопственикот.
За неговиот чесен чин, вчера, по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај, СВР Велес му додели благодарница. Признанието му го врачи началникот Бране Паласков.
„Илија Гигов со својата постапка покажа дека најважни одлики во животот на еден човек се чесноста, одговорноста и добрината. Пред неколку дена, овој мал јунак со големо срце одржа лекција како за своите врсници, така и за возрасните“, изјави Паласков.
Тој додаде дека Илија, иако има само 14 години, со својата хуманост и морални вредности покажал пример достоен за почит.
„Неговата постапка претставува пример и инспирација за сите нас“, порача началникот на СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на…
Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко…
Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…