14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор
Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим.
На 13 август, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го запреле возилото „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (35) од село Бучим, на крстосницата за селото.
За М.В. претходно била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на домот, поради сомнение за кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
При прегледот на возилото биле пронајдени 14.440 евра, а М.В. не приложил доказ за нивното потекло. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицето било задржано во Полициската станица Радовиш.
Следниот ден, 35-годишникот бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор. Потоа бил спроведен во КПУ „Затвор Скопје“.
Од ОВР Радовиш, по насоки на јавен обвинител, продолжуваат со дополнителни мерки за утврдување на сите факти и околности и обезбедување докази во врска со сомнението за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…
МВР: 17 лица уапсени во изминатото деноноќие…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…
Драма во странска амбасада во Македонија: Маж…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Пукано во автомобил во движење на патот…
На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…