Објавено на:

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со нож

t

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека избодел Евреин во швајцарскиот град Цирих.

Полицијата смета дека антисемитизам е мотивот зад нападот што се случил синоќа. Инаку, од неодамна има зголемување на слични инциденти низ Европа, пишува Sky News.

Швајцарската организација на еврејски заедници соопшти дека 50-годишната жртва е пренесена во болница во критична состојба. „Физичките напади врз Евреите во Швајцарија се многу ретки. Еврејската заедница е поштедена од такви опасни по живот напади во последните две децении“, велат тие.

„Меѓутоа, од 7 октомври има значително зголемување на ваквите физички напади“, додаваат тие. Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври минатата година кога милитантната група го нападна јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници.

Речиси пет месеци подоцна, околу 30.000 Палестинци се убиени, а уште стотици илјади се на работ на глад во Газа. Во Обединетото Кралство во февруари, Фондацијата за безбедност на заедницата истакна дека бројот на антисемитски инциденти минатата година соборил рекорд.

Добротворната организација забележала 4.103 антисемитски инциденти во Британија во 2023 година, што е повеќе од претходниот годишен рекорд од 2.261, поставен две години порано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија разгледува такса за странски работници

Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…

Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални

Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…

Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…

Силно невреме проследено со град погоди делови…

Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…

На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…

Швајцарија сака да го ограничи бројот на…

Во Швајцарија се дискутира за горната граница…