15-годишник загина во експлозија за време на училишна екскурзија во Израел
Петнаесетгодишно момче загина, а повеќе лица беа повредени во експлозија за време на училишна екскурзија во северен Израел, во близина на границата со Либан. Меѓу повредените има ученици и наставници кои пешачеле по Израелската национална патека.
Според првичната истрага, експлозијата најверојатно ја предизвикала неексплодирана субмуниција од ракета на Хезболах, која останала во областа од претходните борби. Израелската војска соопшти дека се испитуваат сите околности на несреќата.
Израелските медиуми објавија дека се истражува можноста еден од учениците да го пронашол експлозивното средство за време на пешачењето и да го зел со себе, по што тоа експлодирало во близина на групата.
На местото биле испратени голем број екипи на итната помош, како и воени хеликоптери за евакуација на повредените. Дел од учениците се хоспитализирани со тешки и полесни повреди.
Полицијата и воените експерти за експлозиви ја пребаруваат областа за евентуални други неексплодирани средства, а властите најавија дека движењето по дел од планинарските патеки во регионот може привремено да биде ограничено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…