16-годишно момче возело кола и се судрило со камион во Кочанско, има среќа што е живо

t

Момче на возраст од 16 години е тешко повредено во сериозна сообраќајна несреќа во Кочанско, соопшти МВР. Тинејџерот, возејќи автомобил, се судрил со товарно возило, чијшто возач исто така е повреден.

„На 22.09.2026 во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на регионален пат во атар на с.Мородвис, општина Зрновци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Мородвис и товарно возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.В.(54) од с.Мородвис. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди возачот на товарното возило Д.В., констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. Извршен е увид од екипа на ОВР Кочани“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…