16 повредени и 13 уапсени по судирот на демонстрантите со полицијата во Тирана

t

Националниот протест на здружената опозиција во Албанија вечерва повторно се претвори во судири со полицијата. Противниците на владините политики ја гаѓаа зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама со огномет и молотови коктели, на што полицијата одговори со водни топови и солзавец, објавија албанските медиуми.

Најмалку четворица полицајци се повредени во немирите, додека едно возило на телевизијата ABC е запалено.

Со извици „Рама, оди си“, демонстрантите се собраа во центарот на Тирана барајќи оставка од премиерот Еди Рама и од неговата заменик министерка за инфраструктура Белинда Балука, која неодамна беше обвинета од Специјалното тело за борба против корупцијата и организираниот криминал за корупција и злоупотреба на службената должност.

„Бунтот е единствениот начин да се отстрани Еди Рама, кој ги остави Албанците без лекови, а граѓаните на Драч на нивната судбина по апокалиптичните поплави“, рече еден од лидерите на опозицијата и поранешен премиер, Сали Бериша.

На Бериша му одговори шефот на парламентарната група на владејачките социјалисти во парламентот, Таулант Баља, кој рече дека „крвта на полицајците е крв на државата“.

„Кој кренал рака против полицијата, кренал рака против државата“, рече Баља.

Албанската полиција испрати околу 1.400 полицајци во центарот на Тирана.

Опозицијата објави дека протестите против Рама, кој е на власт од 2013 година, ќе продолжат сè додека не се најде политичко решение за кризата во таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Студентите од Албанија најавија протест во Тирана…

Студентите од Албанија најавија протест во Тирана…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…