Објавено на:

16 февруари бил дивeрзија, Зaпадот го открива вистинскиот датум на руската инвазија врз Украина

t

Американскиот весник „Политико“, кој се повикува на мислењата на аналитичарите, тврди дека Русија наводно би можела да ја започне инвазијата на Украина по 20 февруари, а датумот што претходно се споменуваше во западните медиуми – 16 февруари е диверзија аз оттргање внимание од клучните датуми“.
„Изгледите за руската инвазија на Украина на 16 февруари отсекогаш биле преценети. Временската рамка што навистина треба да се следи е она што ќе се случи наскоро по 20 февруари… Аналитичарите ни рекоа дека опседнатоста со 16 февруари го оттргна вниманието од вистинските клучни датуми“, се наведува во весникот.
Како што се истакнува, периодот по 20 февруари заслужува посебно внимание бидејќи тогаш се очекува крајот на најголемите воени вежби од периодот на Студената војна, по што, како што беше ветено во Москва и Минск, војниците ќе заминат дома.
Весникот прецизира дека има и други причини да се посвети посебно внимание на 20 февруари – тој ден го означува крајот на Минхенската безбедносна конференција, на која ќе присуствуваат украинскиот лидер Владимир Зеленски, американскиот потпретседател Камала Харис и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Авторот на написот потсетува и дека 20 февруари е последниот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг и дека Русија нема да ја започне инвазијата пред церемонијата на затворање за да не го навреди кинескиот лидер Си Џинпинг.
„Политико“ тврди дека доколку не се случи инвазијата до 1 март, многумина ќе можат да здивнат. Сепак, поранешниот член на американската разузнавачка служба, Андреа Кендар Тејлор, смета дека и тогаш не треба да се мисли дека опасноста поминала.
По повод пишувањето на „Политика“, говореше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој потсети дека сите слушнале многу датуми за почетокот на наводната руска инвазија, но дека се покажало дека сето тоа е лажна вест.
„Па, добро, по 20 февруари. Слушнавме многу датуми, многу поконкретни. Се испостави дека сето тоа се нови дезинформации, лажни вести, неодговорни лажни вести. Ниту еден од авторите на таа лажна вест подоцна не призна дека погрешил. Тоа е веројатно уште една лажна вест и се надевам дека барем нема да веруваме во тоа“, рече Песков.

Претходно „Политико“ напиша дека американскиот претседател Џо Бајден на видео-конференција со лидерите на западните земји, ЕУ и НАТО рекол дека датумот на руската инвазија на Украина е 16 февруари.
Во последните месеци западните медиуми постојано известуваа за наводната можна инвазија на Украина на украинска територија, наведувајќи точни датуми, па дури и времиња, и повторно одложувајќи ги. Руската страна редовно ги негираше ваквите тврдења. Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Москва не сака војна, а за да ја спречи Русија започнала преговори за безбедносни гаранции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров во посета на Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Четири лица загинаа во поплавениот руски град…

Четири лица загинаа во поплавениот Орск, нивната…

Јужна Кореа најави парична помош за Украина,…

Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина…

Косово ќе испрати два пакети воена помош…

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци денеска…

Нови видеа по пукањето на браната во…

Објавена е нова снимка од Орск каде…