17-годишниот олимпиец Никола Ѓуретановиќ ќе дебитира во Париз во четврток

t

Париз ќе биде домаќин на најдобрите пливачи во Европа.

Македонија ќе биде претставувана само од еден натпреварувач. 17 годишниот олимпиец Никола Ѓуретановиќ ќе ги брани боите на нашата земја.

Тој е пријавен во две трки во дисциплината слободен стил.

Според пријавната листа, првиот настап Никола ќе го има во четврток (13 август) во квалификациите на 200 метри, чиј почеток е закажан за 9.30 часот.

Во истиот термин (9.30 ч.) во недела (16 август), е закажан почетокот на квалификациите на 400 метри слободно.

Целта на Ѓуретановиќ е да ги исплива своите најдобри времиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…