172 возачи казнети во акциска контрола
Вкупно 172 возачи се казнети во текот на вчерашната засилена акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што информира МВР, 12 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час. При тоа 71 возилo ја пречекорилo брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…