177 санкционирани возачи вчера во Скопје, од кои 43 за возење под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 43 санкции, 10 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 15 мерки за непрописно престигнување и обиколување, 10 за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, четири мерки за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…
27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…
Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…
Оружје и голема количина кокаин најдени во…
Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…
За шест часа санкциониран 541 возач за…
Вкупно 541 прекршок за управување возило со…
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…
На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…