18-годишна девојка возела во спротивен правец и без возачка во Кочани
Возела во спротивен правец на кружен тек и без возачка дозвола среде ноќ – полицијата уапси 18-годишна од виничко во Кочани.
– Во 03:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од виничко. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Р., при што било констатирано дека го управувала возилото во спротивна насока на кружен тек и без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, инфомрираа од МВР за овој сообраќаен инцидент.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…