18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен премин „Капитан Андреево“
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан Андреево“ е особено интензивен. Во моментов, на автопатот „Марица“ меѓу Свиленград и „Капитан Андреево“ има колона од околу 18 километри камиони, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на раководството на граничниот премин.
Причината за создавањето на колоната е зголемениот трговски промет во последните денови, наведуваат оттаму.
Во последното деноноќие на излезната траса кон Турција биле обработени 710 товарни возила. Тоа е целосниот капацитет на бугарскиот граничен премин за едно деноноќие, посочуваат од раководството.
Воспоставена е организација за спречување сообраќајни незгоди во подрачјето каде што се создава колоната. На местото се распоредени патроли на секторот „Сообраќајна полиција“ при Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи – Хасково.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 40 килограми кокаин откриени во камион…
Речиси 40 килограми кокаин откриле царински службеници…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…
Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…
Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…