18-часовен протест на српските студенти во Ниш денес
Во Ниш денеска студентите ќе одржат протест, насловен „Голем едикт“ и ќе трае 18 часа, од девет часот до три по полноќ.
Студентите ќе се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски.
Второто оддавење на почит за загинатите ќе биде во 23 часот и 52 минути.
Студентите во Србија почнаа со протести, блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.
Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада. На студентите им се придружија и наставниците, адвокатите и граѓаните.
Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.
Студентите тврдат дека ниту едно нивно барање не е исполнето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…