183.981 евра од хипотека од недвижен имот е гаранцијата за Нино Васев да излезе од Шутка

t

По една година помината во притвор, екс директорот на Клиниката за онкологија – Нино Васев, ќе се брани од слобода.

Васев во наредниот период ќе го напушти притворското одделение во Шутка, откако судот ја прифати гаранција обезбедена со хипотека на имот.

Тој е обвинет во првиот предмет што се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија, заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи.

Од Основниот криивчен суд ги повтврдија информациите.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Н.В. и Н.Н. за укинување на мерката притвор со определување гаранција, по добиено ПОЗИТИВНО мислење од надлежното Јавно обвинителство, донесе решение со кое предлогот се уважува.

Имено, на обвинетиот Н.В. му е определена гаранција во износ од 183.981 евра во корист на Република Северна Македонија, која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Н.Н. му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека на недвижен имот.

Воедно, на обвинетите им се определени и следните мерки на претпазливост:

  • забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето на територијата на град Скопје;
  • обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот; и
  • привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

При одлучувањето, покрај позитивното мислење на Јавното обвинителство, Советот го имал предвид и фактот дека мерката притвор, определена со решение на Апелациониот суд Скопје, согласно законските одредби, може да биде продолжувана и да трае најдоцна до 18 јули 2026 година.

Со оглед дека надлежното обвинителство се откажа од правото на жалба против овие решенија, а хипотеката понудена како гаранција е веќе впишана во Катастарот на недвижности, истите станаа правосилни, по што обвинетите се ослободени од притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

183.981 евра од хипотека од недвижен имот…

По една година помината во притвор, екс…

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…

Во периодот јануари – март годинава во…

Утковски: Затворот во Шутка не е мексикански…

Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може…

Затворот во Шутка со часови без струја!

Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е…

Заталкан куршум пробил во куќа во Шутка

До полицијата пристигнала пријава за уште еден…