19 годишно момче загина во сообраќајка во Скопје

t

Попладнево во скопската населба Радишани се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.

Како што информираат од МВР во судир на автомобил и мотоцикл, животот го загубил момче на возраст од 19 години.

„Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“ информираат од МВР.

Екипи на полицијата се уште се на терен каде што се врши увид, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…