19-годишник со „голф“ прегазил 3-годишно девојче во Визбегово и избегал
Пронајден 19-годишникот кој вчера прегази 3-годишно девојче во Визбегово и избега.
– Во врска со сообраќајната несреќа случена вчера околу 19.00 часот во село Визбегово, скопско, во која патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје кое се здоби со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” по што возачот го напуштил местото на настанот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Денеска полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот.
– Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор, прецизираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…