19-годишно момче на мотор загина во Прилеп
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во Прилеп, во која загина 19-годишно момче откако со моторот се судрило со автобус, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, Прилепско“, соопштија од полицијата.
По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница-Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…
Голем пожар попладнево изби во кругот на…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…
Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња…
46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава…