195 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. – Пишува во соопштението до медиумите од МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 58 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…