2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија.
Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Македонија и Албанија.
-Најголем дел од заинтересираните се од Македонија, изјави Вучиќ на телевизија Информер.
Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.
Вучиќ, исто така, за изјави дека „јавните финансии на Србија се во добра состојба“ и дека очекува јавниот долг на земјата да изнесува 51 отсто од бруто националниот приход (БДП) до крајот на годината, наспроти „70 проценти од БДП“ кога стана премиер.
Тој кажа и дека Србија во февруари имала економски раст од 5,9 отсто.
-Ако вака продолжи, извесно е дека до крајот на годината ќе има значително зголемување на платите и пензиите, најави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…