20 години затвор за таткото кој со клоци и рупаници го претепа и уби тримесечното бебе во Скопје
Таткото од Скопје обвинет дека го уби тримесечното бебе со клоци и тупаници доби затвор од 20 години.
Основниот кривичен суд во Скопје денес го проогласи за виновен за кривично дело убиство при вршење на семејно насилство.
Суад Бајрам (45) признал дека го сторил делото и пред судиите изразил жалење и каење за стореното, но се бунел за пресудата бидејќи немало кој да се грижи за другите 3 малолетни деца.
По изречената висока затворска казна за стореното кривично дело обвинителот побарал , а судот прифатил да ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата.
Oсновното јавно обвинителство Скопје лани, во септември донесе наредба за спроведување истражна постапка против таткото кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, според кој е предвидено најмалку десет години, а најмногу доживотен затвор.
Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, почнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди, кои предизвикале крвавење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Tyжба од уредникот на Инфомакс за…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го тужи…