20-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Христо Татарчев“

t

Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

– На 23.09.2026 околу 11:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(65) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(20) од село Сопиште, скопско, соопшти МВР.

Во несреќата, според полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. „Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…