20 случаи на мајмунски сипаници потврдени во Грција
Во Грција потврдени се вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници заклучно со 21 јули 2022 година, седум повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).
Потврдените случаи се мажи од 24 до 59 години, односно просечната возраст е 40 години, а 11 од заразените (55 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.
Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.
Исто така додаваат дека во Европа, до 19 јули 2022 година, се регистрирани 10.604 случаи на мајмунски сипаници во 36 различни земји.
Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…