200.000 луѓе присуствувале на митингот на Вучиќ
На денешниот митинг на српскиот претседател Александар Вучиќ според српските медиуми присуствувале 200.000 луѓе.
Српскиот претседател Александар Вучиќ им се заблагодари на граѓаните кои дојдоа во голем број од сите делови на земјата.
„Бескрајно ви благодарам што дојдовте на платото пред Народното собрание во толкав број, но пред се ви благодарам што покажавте колку сте упорни и подготвени да се борите за нормална и пристојна – своја Србија. Ни треба единство и заедништво денес повеќе од кога било. Кога сме обединети тогаш никој ништо не ни може. Само силна и обединета Србија може да се справи со безброј проблеми. Ќе продолжиме заедно да се бориме за Србија и заедно ќе победиме! Јас сум твој и секогаш ќе бидам твој! Ви благодариме за вашата неизмерна поддршка и љубов и ве молиме да продолжиме да победуваме за иднината на единствената татковина што ја имаме! Да живее Србија!“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“ по митингот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…