21 век: расистичка политика против врвен спорт
Насловот ниту е грешка, ниту пак претенциозен. Две недели сме сведоци на дискредитација, деградација, дискриминација и расизам кон Новак Џоковиќ од страна на австралиските власти. досега невидено, ама добро смислено, сценарио за дискредитација, деградација и понижување на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Еднакво на срамна дискриминација и брутален расизам. Да! – Тоа е длабока омраза која веќе прерасна во р-а-с-и-з-а-м. Плукам на ваква валкана австралиска власт, разочаран сум од демократијата мејд бај Австралија, а австралиското судство е се само не независно и судство. Тоа ти е некој грозен микс помеѓу суровиот американски Макартизам и нехуманата средновековна Инквизиција.
Новак Ѓоковиќ, деветкратен победник на Австралискиот грем слем, е депортиран. Политиката “го победи“ спортот. Тенисот “изгуби“ од политичари. Нечесни, неспособни, лицемерни политичари во борба за предизборен рејтинг, буквало, без повод и без никаква причина, го масакрираа најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, го осакатија Отвореното првенство на Австралија во тенис, ги понижија тенисерите, го закопаа тенисот. Овој понижувачки, срамен и брутален чин кон најдобриот тенисер на светот и неколкукратен најдобар светски спортист е најголемиот спортски скандал во историјата на тенисот, на спортот и на човештвото.
Ме потсетува на неправдата што САД му ја нанесе на Касиус Клеј алијас Мухамед Али, кој борејќи се против војната во Виетнам, одби да оди во војска, беше затворен и му ја одземаа светската титула најдобар боксер. Да ве потсетам: Големиот брборко од Луисвил, ги издржа сите неправди, ја одлежа затворската казна, му се врати на спортот и боксот, повторно стана најдобар, и како жива легенда, влезе во историјата како најдобар спортист на сите времиња. Тука да не го заборавиме и скандалот што го предизвикаа на Југословенската и Светската тениска асоцијација кои го суспендираа Никола Пилиќ во далечната 1973г. и кога тенискиот свет застана на страната на тенисерот и 81 тенисер го бојкотираа турнирот во Вимблдон, па организаторите не знаеја што да прават. А заборавивме ли како “чудото од дете“ Моника Селеш на турнир беше избодена со нож и беше спречена да стане најдобра тенисерка на сите времиња, ама тоа стана Штефи Граф, откако нејзиниот земјак со нож забоден во слабините на Моника и го отвори патот кон вечната спортска слава.
Драги мои и Новак Ѓоковиќ, и Никола Пилиќ и Моника Селеш потекнуваат од Југославија(Екс), а таа се наоѓаше на Балканот. Верувате ли во случајности? Можни ли се, туку-така, вакви коинциденции?
А во што се состои “гревот“ на Ѓоковиќ?
Само во фактот што сака да игра тенис, сака да победува и сакаше да ја одбрани титулата што минатата година ја освои во Австралија. Испадна дека тоа е невозможна мисија. Да одиме со ред: Најпрвин го поканија да учествува на австралискиот грем слем. Тоа го направија Тениската асоцијација на Австралија и организаторот на гренд слемот, директорот на турнирот, при што му кажаа кои документи му се потребни за влез во Австралија. Ѓоковиќ ги обезбедува документите, аплицира за виза, ја добива и влегува во Австралија. На границата почнува хоророт, за кој во ниту најкошмарниот сон некој од нас би помислил дека тоа може да му се случи на најдобриот тенисер во светот. Го задржуваат на граничен прелаз, го малтретираат, го испитуваат како емигрант, му вршат притисок, го уценуваат, го ставаат во изолација(во нехумани и нецивилизирано услови – емигрантски хотел од “Ш“ категорија), а тој за цело време има виза и не прекршил ниту еден меѓународен пропис и било кој закон во Австралија. Бесправно му ја одземаат визата, тој се жали, ги добива на суд. Победа на Новак, а голем пораз, срам и брука, за австралиската политика и суетните и злобни австралиски политичари. Ама тие се и нечесни и лицемерни политичари и се “појаки“ од австралиското судство. Со смислено одолговлекување, за да не може да ја брани титулата на грен слемот, повторно го малтретираат, повторно му ја одземаат визата, тој повторно се жали. Ама тие колку се злонамерни, толку повеќе се и итри и сега ги менуваат судот и судиите, т.е на судот во Викторија му наложуваат предметот да го препрати на федералниот австралиски суд. Таму има судии кои без да разгледуваат докази, им удоволуваат на злобните политичари. Донесоа одлука за депортација на Џоле.
И пазете: сите овие ниски удари, сета оваа неправда и примитивното понижување Џоле ги издржа во голем стил – џентлменски, а со изјавите после одлуката на судот покажа и дека е најголем витез на тенисот и спортот – спортист и човек со карактер и личност. Браво, бре Џоле! Тоа сега е и пораз и на “независното“ австралиско судство, кои ете им овозможи неморалните политички злобници да ликуваат и да се насладуваат на маката и тагата на Џоле.
Сиромашките, не се способни да видат, да чујат, да сознаат дека веќе во тој момент западнаа до гуша во политичките фекалии што сами си ги создадоа. Еј, до последен момент го третираат и го депортираат како најголем криминалец. Која мизерија? Каква беда на човечката свест и совест?
Џоле, издржи! Неспорно и повеќе од евидентно е дека си најдобар тенисер, како на денешницата, така и на сите времиња. Но, сега, овие политички лилипутанци од земјата на кенгурите и земјата која ги ништеше Абориџините, ти дадоа шанса да станеш и еден од најголемите борци за човекови права, за правата на спортистите, за правата на младите неискусни тенисери, за правата на онеправданите, за правата на оние што поинаку мислат од светските моќници. Искористи ја оваа прилика и влези во вечноста, а верувај ми злонамерните ситни политичари ти веќе ги испрати на буништето/сметлиштето на историјата.
И да знаеш, не си сам! Сите слободарски и демократски настроени поединци, колективи, асоцијации и институции се со тебе. Многу скоро во тоа сам ќе се увериш, не само ти , туку и целата спортска и светска јавност.
Џоле, биди појак! Ти веќе ја победи неправдата. И-д-е-м-о-о-о!
Сотир Костов
П.С.
Ало, господине Федерер, живи сте? Господине Надал, вие да не се секирате, знаеме дека сте суетен тенисер кој игра во времето на големиот, најдобриот на сите времиња Новак Ѓоковиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гласање или специјална операцијa
Ете, гласавме против СДС корумпирано и распаднато…
Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…
БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…
Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…
УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…
Трифун Костовски: Институциите не ги штитат граѓаните…
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО…
Сотир Костов: Неподносливата леснотија на манипулирање –…
Неподносливата леснотија на манипулирање Како да не…