21-годишник прегазил малолетници во скопско

t

На 24.04.2025 околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Во координација со јавен обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник уценувал девојче да му праќа експлицитни…

Вчера во полицијата пристигнала пријава дека од…

Расчистен случајот во кој четворица малолетници насилно…

На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен…

Малолетници се тепале со возрасни мажи пред…

Двајца малолетници биле ден од инцидент пред…

„Одмазничка пронографија“ наскоро ќе стане кривично дело…

Во новите измени на Кривичниот законик најавени…

Тројца малолетници со пиштол нападнале и ограбиле…

СВР Битола поднесе известување против двајца малолетници…