22 автомобили запленети при заедничка акција на царина и МВР

t

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири ПМВ се марка МЕРЦЕДЕС, три ПМВ се марка АУДИ, две ПМВ се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Македонија повеќе од 6 месеци.

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Македонија.

Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во…

Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има…

СВЕТСКИТЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ НАЈАВИЈА ЗАСИЛЕНО ФИНАНСИРЊЕ ПРОЕКТИ…

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за…

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со…

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи…

Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…

Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…